Ikea купи скоро 11.000 хектари шума за да спречи уништување

56

Инвестициската група на шведскиот гигант за малопродажба Ikea купи шума во југоисточна Џорџија за да го заштити нејзиниот екосистем, пренесува CNN.

 Ingka Group, којашто е сопственик и управува со продавници на Ikea, купи 10.840 хектари земја во близина на сливот на реката Алтамаха, соопшти компанијата.

“Ние навистина веруваме дека е можно одговорно управување со шумите и гледаме голем дел од нашата одговорност кон земјиштето што ги поседуваме, а со тоа и кон планетата, во пошумување и поголемо засадување отколку сеча“, изјави директорот на инвестициите на Ingka Investments, Кристер Матсон.

Земјиштето, купено од непрофитната организација Фонд за заштита, е дом на повеќе од 350 растителни и животински видови, вклучувајќи го и загрозениот долголисен бор и големата копнена желка, кои сега се заштитени.

Фото: Pixabay