IKEA, Lenovo и многу други брендови сè уште имаат заглавени производи во Суецкиот канал

112

Ever Given веќе не го блокира Суецкиот канал, но кризата е далеку од завршена за компаниите кои треба да поминат низ разни судски процеси за да повратат производи вредни стотици милиони долари.

IKEA и Lenovo се меѓу компаниите кои имаат проблем со своите производи откако бродот го блокираше Суецкиот канал шест дена во март. Ова им се случи и на помалите компании, кои имаат уште поголем проблем.

Египетскиот суд го заплени бродот, како и 18.300 контејнери, откако надлежните органи за Суецкиот канал од сопственикот на бродот побараа дури 916 милиони долари поради штетите и загубите предизвикани од бродот.

Додека трае судската постапка, Ever Given и неговиот товар остануваат во Големото горко езеро, на околу 50 милји од местото каде што беше заглавен.

Според некои проценки, на бродот има стока за помеѓу 600 и 700 милиони долари.

Фото: Facebook