Ikea од следната година почнува со работа во Србија

25

ikea1

Шведскиот трговец со мебел Ikea почнува со работа во Србија на есен следната година. На почетокот ќе започне само со продажен салон, а подоцна ќе отвори и производни погони, јавува РТВ.

Ikea во Србија ќе инвестира 70 милиони евра. Првиот продажен објект ќе се наоѓа во Белград.

Се очекува оваа шведска компанија да ги вклучи и домашните произведувачи во процесот на производство, затоа што тоа е основниот концепт на работа на компанијата.