Ikea плаќа милион евра казна во Франција бидејќи ги шпионирала вработените

36

Францускиот суд ѝ наложи на шведската компанија Ikea да плати казна од милион евра поради шпионирање на нејзините вработени во земјата, откако водечкиот светски производител на мебел е прогласен за виновен поради недозволено собирање и чување на податоци од вработените.

Француската подружница на Ikea беше обвинета дека во текот на неколку години ги “следела“ работниците и ја кршела нивната приватност.

Во тој контекст, Ikea е обвинета дека ја следела состојбата на банкарските сметки и понекогаш ангажирала лажни работници кои пишувале извештаи за вработените, пренесува Ројтерс.

Фото: Pexels