Икеа во Хрватска со австриски цени

53

ikea hrКон средината на летово на источниот влез во Загреб се отвора голем продажен објект на шведска Икеа. Во неа ќе работат 300 вработени, а на 38.000 метри квадратни ќе има и простор за игротека за деца, ресторан со 550 места за седење и шведска продавница за храна. За посетителите ќе се направат 1.500 паркинг места, а во првата година се очекуваат околу три милиони купувачи.

“Очекуваме цените во Икеа во Загреб да бидат барем како во Австрија, а ќе се потрудиме во просек да бидат и пониски”, изјави за Вечерњи портпаролот на Икеа во Хрватска, Игор Штефанац.

Од Икеа за Вечерњи лист велат дека со отворањето на продажниот објект во Загреб ќе им падне прометот во соседните држави, каде што досега доаѓале потрошувачи од Хрватска и од соседните земји, а особено тоа ќе се почувствува во Грац.

Икеа во првиот објект во Хрватска ќе инвестира преку 89 милиони евра, од кои 23 милиони ќе одат на инвестирање во јавна инфраструктура, патишта, комунална мрежа и слично.