Ikea во Србија гради центар од 50 милиони евра

202

Ikea, покрај својот продажен објект во Бубањ Поток, почна со изградба на AVA Shopping Park, простран трговски центар на отворено.

Со оваа инвестиција, вредна над 50 милиони евра, компанијата ќе создаде можност за вработување на околу 400 лица во Србија.

“Многу сме среќни што работите за ваква важна инвестиција за градот Белград и локалната заедница се одвиваат според планот и покрај тешките околности заради пандемијата. Локалната градежна компанија и наш главен изведувач во овој проект, ќе ангажира повеќе од 800 нови работници во фазата на градба. Се надеваме на успешен период на изградба и, ако сè оди според планот, планираме да го отвориме трговскиот парк AVA во пролетта 2022 година“, рече Бранко Михајлов, генерален директор на проектот, објави Bizlife.

Новиот трговски и забавен комплекс ќе зафаќа површина од повеќе од 30.000 квадратни метри.