
Стопанска банка АД – Скопје преку Македонската берза ја информираше инвеститорската јавност за нови измени во органите на управување, соодветно на обврските од Глава 6 од Правилата за котација.
Согласно одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, Илиас Пападопоулос повторно се именува за Генерален директор за оперативни работи и член на Управен одбор на Банката со мандат од 4 години.













