Илон Маск бара пари од инвеститори за да го спаси Твитер

94

Тимот на Илон Маск им се обратил на инвеститорите за да собере нови средства за Твитер, кој секојдневно се бори да опстане, изјави еден од инвеститорите за Ројтерс.

Претседателот и извршен директор на Gerber Kawasaki Wealth & Investment Management, Рос Гербер, изјави за агенцијата дека бил контактиран од претставник на милијардерот, нудејќи му повеќе акции по иста цена, или 54,20 долари, колку што Маск платил кога ја презел платформа во октомври.

Да потсетиме, многу огласувачи ја напуштија платформата, загрижени за одлуките на Маск за новите правила за твитување.