Илон Маск ги откри своите тајни за успех во работата

165

Илон Маск е вториот најбогат човек во светот со богатство од 151 милијарда долари. Минатата година дефинитивно беше негова, имајќи во предвид дека забележа успех со двете негови компании SpaceX и Tesla.

Ова се тајните на успехот на Илон Маск:

1. Стои до ставот дека “не е сè во парите“. Кога новинар од BBC му правел интервју во 2014-та година, Маск не знаел да му каже колку пари има на сметка, поточно му кажал дека не знае колку е богат. Тој смета дека огромното богатство е оправдано само доколку потекнува од етичка причина – со некаква смисла.

2. Следење на сопствените страсти носи до успех. Маск вели дека ја основал SpaceX затоа што постоечките вселенски компании не биле доволно амбициозни според неговиот вкус.

3. Не се плаши да сонува за големи работи. И, навистина… Овој Американец чиј IQ е 155 сака револуција во автомобилската индустрија, колонизација на Марс, создавање на супербрзи автомобили, се интересира за вештачката интелигенција во човечкиот мозок и промовира индустрија на соларна енергија и батерии.

4. Биди подготвен да ризикуваш. Она со што Маск се занимава не е конвенционалното, ниту пак глобално привлечно, а на почетокот не било ниту профитабилно. Сепак, ризикот се исплаќа.

5. Не се огласува на критиките, е мотото до кое што Маск строго “се држи“, инаку не би бил тука каде што денес е. Маск во училиште често бил несфатен и малтретиран, па поради тоа ги усовршил боречките вештини на само 15 години.

6. Уживај, биди горд на себе. Маск е познат воркохолик, постојано работи и е во своите фабрики, но знае и да ужива.

Фото: Facebook