Илон Маск и злоупотребата на АИ – формула за ризик по угледот на брендовите

Асоцијациите со милијардерот Илон Маск, кој исто така го води американското Министерство за владина ефикасност (DOGE) и злоупотребата на вештачката интелигенција (AI) се меѓу најсигурните начини компаниите да ги оштетат своите брендови, според новото истражување на повеќе од 100 меѓународни лидери за односи со јавноста.

Тие наоди произлегуваат од анализата спроведена од „Советодавниот одбор за глобален ризик“, со кој претседава Изабел Гузман, објави „Гардијан“.

„Влијанието на ангажманот со влијателите во денешното опкружување со голема поделеност не може да се потцени, особено со длабоко поларизирачки лидер како…Маск“, напиша Гузман во извештајот за проценка на влијанието на меѓународните брендови.

Според резултатите од истражувањето, уште поголема закана за брендовите биле приказните што содржат „длабоки фалсификати, дезинформации, пристрасно одлучување или неетички апликации кои предизвикуваат штета или манипулираат со јавната перцепција“.

Според резултатите од истражувањето, овој тип на известување носи „најголема веројатност за привлекување негативно внимание“ на објавите на интернет, односно негативно ќе влијае на брендовите поврзани со него.