Илон Маск откри во која европска земја ќе ја гради првата фабрика

55

Основачот на Tesla, Илон Маск најави дека неговата Gigafactory 4 ќе ја гради на подрачјето на Берлин, пишува Deutsche Welle.

Фабриката, во којашто ќе се произведуваат батерии и возила, ќе биде сместена во близина на недовршениот аеродром во Берлин. За почеток, во оваа фабрика ќе се произведува моделот Y, спортски возила со пониска цена.

Маск веќе неколку години најавува дека ќе го шири своето производство и на стариот континент, па многу земји од Европа организираа кампањи за да го привлечат.

Gigafactory 4 ќе биде во Берлин, а претходните три такви фабрики се во: Невада, Њујорк и Шангај.

Фото: Twitter