Ily – револуционерен фиксен телефон

33

ily 1

Ily претставува таканаречен семеен телефон, којшто на едноставен начин ги поврзува сите членови на семејството без оглед каде се наоѓаат.

ily 3

Овој уред многу лесно се поврзува со други Ily уреди, како и со паметни телефони, таблети и компјутери преку апликација. На корисниците им овозможува едноставно и лесно комуницирање со видео и аудио разговори, текстуални пораки, фотографии или видео снимки.

ily 2

Идејата за овој семеен уред е на дизајнерското студио Insensi, составено од млади дизајнери и инженери.

Екранот на допир овозможува едноставно користење, вградените звучници нудат безпрекорен звук, а безжичната комуникација му ја дава потребната мобилност на овој уред.

ily

Цената на Ily во предпродажба е 199 долари, но има и опција да се порачаат 2 по цена од по 189 долари, или пак три уреди за по 185 долари.