Им “цвета“ бизнисот во услови на пандемија, а за инвеститори се привлечни како никогаш досега

29

Доставата на храна како услуга има традиција во многу земји, но вистински бум доживеа во услови на пандемија, кога луѓето останаа дома, а сите потребни намирници и подготвена храна ги порачуваа онлајн и ги пречекуваа пред сопствената врата.

Освен што се соочија со потреба од дополнителна работна сила, компаниите за достава на храна се “наоружаа“ и со дополнителна флота од велосипеди, мопеди и други превозни средства со коишто ја доставуваа храната на посакуваната дестинација.

Турскиот старт – ап Getir неодамна привлече инвестиција од над 550 милиони долари,  сега неговата вредност се проценува на околу 7,5 милијарди долари. Германскиот старт – ап за достава на храна Flink добил инвестиција од 240 милиони долари, а најава за инвестиција од 20 милиони евра има и нордискиот старт – ап Curb, којшто ги покрива пазарите во Шведска и Данска. Шпански Glovo ја користи приликата да го прошири својот бизнис и на пазарите во регионот, а Deliveroo најави експанзија.

Се претпоставува дека пазарот на достава на храна за неколку години ќе достигне вредност од 1.000 милијарди долари, а не е загрозен нивниот бизнис дури и целосно да ја снема пандемијата.

Фото: Freepik