Шпански Glovo презема сервис за достава на храна во Србија, Црна Гора и БиХ

351

Популарниот сервис за достава на храна и намирници, шпански Glovo најави преземање на неколку компании во сопственост на Delivery Hero Group. Со тоа шпанската компанија ќе го зајакне своето влијание во централна и источна Европа, ширејќи се на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Романија.

Glovo постигна договор за аквизиција на неколку засебни компании што досега работеа во рамки на Delivery Hero Group (поранешна Foodpanda). Целта на договорот е купување на компании од областа на достава што работат во централна и источна Европа.

Според српските медиуми, Glovo ќе го преземе брендот Donesi во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, брендот Foodpanda во Романија и Бугарија, како и брендот Pauza во Хрватска. Вкупната вредност на аквизицијата е 170 милиони евра.

Фото: Facebook