Им недостасуваат скоро 200.000 работници: Ковид-19 и Брегзит скапо ги чинеше

Угостителството претрпе сериозни последици од Ковид-19 и сега е потребно да се повратат секторите коишто беа поразени повеќе од една година. Во Велика Британија има голема побарувачка за келнери и готвачи, бидејќи мерките воведени против короната стануваат поблаги, пренесува BBC.

Здружението UK Hospitality ја повикува владата да се држи до својот план за укинување на сите ограничувања воведени поради коронавирусот во Англија, што треба да се случи на 21 јуни. Владата соопшти дека прави сè што е во нејзина моќ да го поддржи угостителството, но факт е дека пандемијата силно ја погоди индустријата, бидејќи ништо не работеше во Велика Британија со месеци.

Исто така, дополнителен удар врз спорниот сектор е Брегзит, кој ги оштети, пред сè, трговијата и бизнисот во оваа земја, додека Лондон го губи финансиското влијание. Дури од минатата недела пабовите, рестораните и кафулињата можеа да им служат на клиентите во затворениот простор, во Англија, Шкотска и Велс.

Но, дури и пред да бидат укинати тие ограничувања, угостителските објекти се “мачеа“ да најдат персонал. UK Hospitality соопшти дека во моментот недостасуваат околу 188.000 работници. Сега постои дополнителна загриженост поради ставот на премиерот Борис Џонсон дека планот за укинување на мерките може да биде продолжен, поради т.н. индискиот сој на вирусот.

Но, пандемијата беше само “шлаг на тортата“, бидејќи Пандорината кутија беше отворена со излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Работниците од унијата се враќаа во своите матични земји.

Фото: Pixabay