Американската софтверска компанија Stripe планира да им даде по 20.000 долари на оние вработени кои ќе се согласат да се отселат од Сан Франциско, Њујорк и Сиетл, но, исто така, ќе добијат плати пониски за околу 10%, пренесува LA Times.
Портпаролот на Stripe одбил да даде коментар за оваа информација.
Ваква понуда ќе добијат оние вработени кои ќе се решат за таков чекор до крајот на годината, но освен ново место за живеење, ќе мора да се навикнат и на пониска плата.
Новата деловна политика ја додава Stripe на листата технолошки компании што на вработените им нудат различни можности за работа од далечина, а ќе им помогне да ги намалат трошоците ако нивните вработените се преселат во помали и поевтини градови. Слични вакви мерки разгледувале и Facebook, Twitter и ServiceNow, бидејќи намалување на платите на вработените и помалата потреба за закупување деловен простор ќе значи голема заштеда, што е важна во услови на криза.
Инаку, седиштето на Stripe е во Сан Франциско, а вработува околу 2.800 луѓе, кои долго време веќе работат од далечина. Последните проценки говорат дека Stripe “тежи“ околу 36 милијарди долари, што е една од најскапите старт – ап компании во САД.
Stripe ја основаше 30-годишниот Џон Колисон во 2011 година заедно со неговиот брат Патрик. Софтверските системи на оваа Stripe овозможуваат на компаниите ширум светот полесно да го завршат процесот на онлајн плаќање и да водат свои веб страни.
Фото: Freepik