Има 95 милиони жители, нула починати – што светот може да научи од оваа земја

815

Како земја која нема ниту еден смртен случај, а бројот на заразени со коронавирус е неколку стотина, Виетнам доби пофалби од Светската здравствена организација (СЗО) и може да послужи како пример за земја која успеа да спречи пандемија.

И покрај тоа што граничи со Кина, Виетнам со рани и одлучни мерки како распространето тестирање, строг карантин и општествено единство досега добро ја избегнува ситуацијата што коронавирусот ги донесе Европа и САД.

Бројот на заразени во Виетнам изнесува 262 лица на според бројачот на универзитетот Johns Hopkins, во земја во која има повеќе од 95 милиони жители.

Официјалните статистики покажуваат дека 75.000 луѓе во моментот се ставени во карантин или изолирани во Виетнам. Државата досега има спроведено повеќе од 121.000 тестови.

Нема починати од Ковид-19 во оваа комунистичка земја во Југоисточна Азија, а стапката на зараза е значително пониска отколку во поразвиените Јужна Кореја, Сингапур, па дури и Тајван – земји пофалени за нивниот одговор на кризата.

Кидонг Парк, претставник на СЗО за Виетнам, верува дека раната акција била клучна за успехот.

“Виетнам одговори на пандемијата рано и проактивно. Нивната прва вежба за проценка на ризикот се случи на почетокот на јануари, набргу откако беа пријавени првите случаи во Кина“, рече Парк.

Државата брзо го воспостави Националниот управен одбор за превенција и контрола од Ковид-19 според кој брзо спроведе национален план за одговор на кризата, додава Парк.

Иако има мал број потврдени случаи, и Виетнам ја стави во карантин целата земја на 1 април, многу побрзо и порешително од Велика Британија и Италија, кои го сторија тоа откога нивниот број на заразени започна да се мери во илјадници.

Голем дел од успехот на Виетнам може да се припише на неговото општественото единство.

Фото: Pixabay