Има само седум години и богатство од 10 милиони долари

52

Најстарата ќерка на американскиот рапер Кание Вест и ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан, Норт Вест има само седум години и веќе располага со богатство од 10 милиони долари.

Во април оваа година, нејзината мајка се најде на листата на милијардери на магазинот Forbes, којшто проценува дека Кардашијан има големо богатство благодарение на доброто работење на нејзините компании KKW Beauty и Skims. Исто така, Кардашијан заработува пари и од реклами, емисии и инвестиции.

Минатата година и нејзиниот татко се најде на листата на милијардери на магазинот Forbes. Музичарот доминира и во модната индустрија со својот познат бренд Yeezy, којшто е главна причина за богатството од милијарда долари.

Норт Вест не е единственото дете во нејзиното семејство што има осумцифрен износ на сметка на нејзино име. Нејзината братучетка Тру Томпсон, исто така, е едно од најбогатите деца во Америка. Таа е ќерка на Клои Кардашијан и на НБА кошаркарот Тристан Томпсон и има богатство од 10 милиони долари.

Фото: Facebook