Имаат нов план: Со вакцини до даночни олеснувања

80

Претседателот на САД, Џо Бајден во средата најави воведување на даночни олеснувања.

Имено, олеснувањето е предвидено за компаниите кои им овозможуваат на своите вработени да бидат вакцинирани против ковид-19 во текот на работното време, а тие часови да им бидат платени.

Ги повикувам сите работодавци, мали и големи, во секоја земја, да им обезбедат на своите вработени платено отсуство за да можат да бидат вакцинирани“, рече претседателот. Даночните олеснувања ќе се однесуваат на компаниите со помалку од 500 вработени, објави Гласот на Америка.