Имате ли проблем со премногу гласни соседи?

110

Во текот на минатата година, 17,3% од жителите на Европската унија се соочиле со бучни соседи или голема галама што доаѓа од улиците, покажуваат податоците на Eurostat.

Во Македонија, 7,3% од жителите се соочиле со премногу гласни соседи или силна врева што доаѓа од улиците каде што живеат.

Воопшто не изненадува фактот што повеќе од половина од испитаниците кои се соочиле со ваков проблем, 24,1% живеат во градовите, додека во руралните средини во таква ситуација се нашле 10,4%.

Меѓу земјите членки на Европската унија, најголем проблем со гласни соседи имаат: Малта (28,3%), Холандија (26,6%) и Германија (26,1%). По нив следат: Португалија (22,7%), Луксембург (20,2%) и Данска (20,1%).

Од друга страна, најмал проблем со бучни соседи лани имале: Хрватска, Естонија и Ирска (по 8,2%), Бугарија (8,9%), Унгарија (9,8%) и Словачка (10,5%).

Од земјите во регионот со најгласни соседи имаат проблем Словенците (14,5%), па жителите на Србија (11,2%) и Црна Гора (11,1%).

Фото: Freepik