Именуван 121-от гувернер на Банка на Англија

32

Ендру Бејли, актуелен шеф на телото за финансиска контрола во Велика Британија, е именуван за гувернер на Банка на Англија. Тој на тоа место ќе го замени Марк Карни, пренесува Financial Times.

Шеесетгодишниот Бејли е главен извршен директор на Агенцијата за финансиски надзор, којашто ја контролира индустријата на финансиски услуги во земјата. Пред доаѓањето во Агенцијата во 2016 година, бил генерален директор на Регулаторната агенција за бонитет, исто така организационен дел на централна банка на Велика Британија.

Тој ќе ја презеде должноста од Карни на 16-ти март и ќе биде 121-от гувернер на Банката на Англија со мандат од осум години.

Фото: Pixabay