Ина – Мол со тужба од Владата на ФБиХ бара 35 милиони евра

31

mol-inaХрватско – унгарскиот конзорциум Ина – Мол ја тужи Владата на Федерација БиХ по основ судски спорови што овој конзорциуми ги презел со докапитализација на Енергопетрол во март 2006 година, а кои сега мора да ги надомести актуелната влада на ФБиХ, пишува Дневни аваз.

Станува збор за тужбено барање кое изнесува скоро 35 милиони евра, а Ина – Мол дури покренале и арбитражна постапка пред Меѓународната трговска комора во Париз за да ги наплати овие средства. Повеќемилионското барање е последица на катастрофалниот договор за докапитализација на Енергопетрол потпишан меѓу тогашните власти и Ина – Мол. Според една од одредбите во договорот, Владата на ФБиХ се обврзала дека ќе ги преземе сите долгови во овој процес, вклучувајќи ги и побарувањата на работниците во износ од преку 10 милиони евра.

Директорот на Агенцијата за приватизација на ФБиХ, Шухрет Фазлиќ, за Аваз потврди дека Владата веќе ангажирала адвокати од Швајцарија за поднесеното барање за арбитража.