Индекс на цените на угостителските услуги за август

44

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2018 година, во споредба со јули 2018 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,9 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,4%.