Индекс на цените на угостителските услуги за јануари

30

drink-2639456_960_720

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,1%.

Гледано по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2%, Безалкохолни пијалаци за 0,1% и Ноќевања за 0,3%, додека во групата Алкохолни пијалаци намалување за 0,4%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2018 година, во споредба со декември 2017 година, е зголемен за 0,2%.