Индекси на бројот на работниците во индустријата во декември

19

electrician-1080554_960_720

Фото: Pixabay

Според податоците од соопштението на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 105.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи опаѓање од 1,5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1%, Капитални производи за 18,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, изнесува 102.3.