Индекси на бројот на работниците во индустријата во јуни

15

industrija

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.4.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи опаѓање од 0,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2%, Капитални производи за 15,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на периодот јануари – јуни 2016 година, изнесува 100.8.