Индекси на бројот на работниците во индустријата во мај

11

rabotnik-pixabay

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 101.0.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи опаѓање од 0,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6%, Капитални производи за 11,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на периодот јануари – мај 2016 година, изнесува 100.5.