Индекси на цени на производителите на индустриски производи на странски пазари за февруари

20

Во февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 2,3% на месечно ниво, а за 6% на годишно ниво, велат податоците на Државниот завод за статистика

Во споредба со јануари 2018 година, во февруари 2018 продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,7%.

Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 35,7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 3,2 %.