Индекси на цените во земјоделството

26

Државниот завод за статистика ги објави индексите на цените во земјоделството за мај 2018 година.

Според податоците во соопштението од ДЗС, индексот на цените во земјоделството за мај 2018 во
однос на истиот месец од претходната година бележи пораст. Кај инпутот овој индекс е зголемен за 6,1 % додека, пак, кај аутпутот зголемувањето изнесува 13,4 %.

Во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 106,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,0.

Што се однесува до аутпутот, индексот на цените на растителното производство во мај 2018 година споредено со мај од претходната година, изнесува 116,0, а индексот на цените на добиточното производство за истиот споредбен период е 105,7.