Индекси на индустриското производство за јули

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 108.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи опаѓање од 11,5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,1 %, Капитални производи за 25,3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 26,7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на периодот јануари – јули 2017 година, изнесува 105.5.