Индекси на индустриското производство за јуни

12

industry

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 104.0.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст од 7,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18,7%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати , Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 27,0%, Капитални производи за 20,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2% и Трајни производи за широка потрошувачка за 26,5%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на периодот јануари – јуни 2016 година, изнесува 101.2.