Индекси на индустриското производство за мај

16

Индексот на индустриското производство во мај 2018 година во однос на мај минатата, изнесува 101,1, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори и споредбено за мај 2018 и мај минатата година, индустриското производство бележи опаѓање во секторите Рударство и вадење на камен (7,3 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2,8 %), додека, пак, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,9%.

Ова зголемување е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Што се однесува до главните индустриски групи, производството во мај 2018 година во однос на мај 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18,0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 39,7 %, додека опаѓање има кај Енергија (6,3 %), Интермедијарни производи (2,4 %) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (6,0 %).

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 103,5.

Фото: Pixabay