Индекси на трошоците на живот и цени на мало за јануари

31

shopping-879498_960_720

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.6, а индексот на цените на мало 99.9, стои во соопштението.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај житата за 3,7%, другите пекарски производи за 3,6%, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,2%, другите млечни производи за 2,4%, брашното и другите жита за 2,2%, сушениот  зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,5%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,4%, сушеното, соленото и чаденото месо, другите прехранбени производи за 1,3%, замрзнатото овошје за 1,1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, безалкохолните пијалаци за 0,9%, оризот и месото за 0,5%, млекото, сирењето и урдата за 0,3%, маслото и маснотиите за 0,2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 10%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,7%, информатичката опрема за 4,1%, обувките за 3,1%, авионскиот превоз на патници за 2,9%, услугите за сместување за 2,7%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1,5%, гасот за домаќинствата за 1%, цврстите горива за 0,8%, облеката и поправката на електричните апарати за 0,6%, терапевтските помагала за 0,3%, мебелот за домаќинствата и големите електрични апарати за домаќинствата за 0,2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6%, рибата и морските плодови за 1,3% и јајцата за 0,3%. Во јануари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 10,4%, телефонската и телефакс опремата за 9,8%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7%, другите лични предмети за 2,5%, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4%, домашните миленици и сродните производи за 2,2%, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1,2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1%, станарините и автомобилите за 0,7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5%, патниот сообраќај за 0,4%, лековите за 0,3%, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, забележа пораст од 1,1%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2,3%.