Државниот завод за статистика ги објави индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) за април 2018 година. Според податоците на ДЗС, индексите пораснале за 6,5% на месечно и 9,6% на годишно ниво.
Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.
Главни корисници на податоците за овие индекси се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Фото: Pexels