Индексот Dow Jones порасна, S&P 500 и Nasdaq забележаа пад

31

Волстрит забележува раст на индексот Dow Jones, додека S&P 500 е во благ пад поради претпазливоста на инвеститорите за кои деловните резултати на компаниите не се лоши, но не и импресивни.

Dow Jones порасна за 0,31 отсто на 33.733 поени, додека S&P 500 загуби 0,07 отсто на 4.016 поени. Индексот Nasdaq падна за 0,27 отсто, на 11.334 поени, пренесува агенцијата Mina.

На самиот почеток на тргувањето на берзата имаше технички проблеми, кои се одразија на цените на акциите на повеќе од 80 компании, меѓу кои Волмарт и Најк, што доведе до истрага на Комисијата за хартии од вредност.

Бидејќи проблемите беа решени, инвеститорите се фокусираа на деловните резултати на компаниите. Извештаи досега се објавени од 72 компании од индексот S&P 500, од ​​кои 65 отсто оствариле поголема добивка од очекуваната.

Аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во четвртиот квартал од минатата година паднала за 2,9 отсто во однос на истиот период од 2021 година, додека на почетокот на годината се очекуваше пад на заработката од 1,6 отсто.

Макроекономските податоци покажаа дека активноста во производниот и услужниот сектор на САД ослабе во првите недели од оваа година, што укажува дека зголемувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка предизвикува слабеење на побарувачката.

Ова ја поддржува тезата дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени на состанокот во февруари, а не за 0,5 поени, како што беше случај на последниот состанок во 2022 година.

Внимателно се тргува и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс падна за 0,35 отсто, на 7.757 поени, а франкфуртски DAX за 0,07 отсто, на 15.093 поени. Парискиот CAC забележа раст од 0,26 отсто, на 7.050 поени.