Индексот EURO STOXX 50 надмина 4.900 поени

13

Индексот EURO STOXX 50, кој ги следи перформансите на висококвалитетните (blue chip) акции на 50-те најважни компании во 12 земји од еврозоната, денес е највисок во последните 23 години и надмина 4.900 поени, додека на пазарот истовремено е забележан пораст во цените на нафтата и златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 17.732,05 поени, лондонски FTSE 100 на 7.640,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.929,34 поени, додека московски MOEX се искачи на 3.281,73 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.087,38 поени, S&P 500 на 5.137,08 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.274,94 поени.