Индија ги забранува сите крипто валути и ќе создава своја

56

Властите во Индија планираат нов закон со којшто би се забранила децентрализација на крипто валути како што е биткоинот и планираат да воведат национална крипто валута што ќе ја издава тамошната централна банка.

Законот ќе создаде рамка за олеснување на создавањето официјална дигитална валута, што ќе ги издава Резервната банка на Индија. Покрај тоа, предлог законот ги забранува сите приватни крипто валути во Индија, но дозволува одредени исклучоци за промоција на основната технологија и нејзина употреба.

На средината на 2019 година, властите во Индија препорачаа забрана на сите приватни крипто валути, со затворска казна до 10 години и високи казни за сите оние кои тргуваат со дигитални валути.

За новиот закон има голема веројатност за негово усвојување, бидејќи оние кои го предлагаат имаат мнозинство во владата.

Фото: Freepik