Индија и Обединетите Арапски Емирати го склучија првиот договор за продажба на нафта за локални валути

61

Националната нафтена компанија од Абу Даби и индиската компанија за нафта и гас Indian Oil Corporation Limited го склучија првиот договор за продажба на нафта за локални валути.

Оваа информација  ја соопшти индиската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Комерсант.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека во оваа трансакција биле продадени околу еден милион барели сурова нафта, а истата била извршена и во индиски рупии и во дирхами на ОАЕ.