Индија му забрани на Mastercard да издава нови платежни картички

65

Индиската централна банка му забрани на Mastercard на неодредено време да издава нови дебитни или кредитни картички на домашни купувачи.

Централната банка ја обвини компанијата за кршење на законот за чување на податоци, пренесува ВВС.

Таа наведе дека Mastercard не ги почитувал прописите донесени во 2018 година, коишто бараат податоците за плаќања на жителите да се чуваат исклучиво во Индија. Тие прописи на регулаторот му овозможуваат “непречен пристап за увид“ во деталите за плаќањата.

На Mastercard му е забрането издавање на дебитни, кредитни и припејд картички на купувачите во Индија од 22-ри јули. Одлуката нема да влијае на постоечките клиенти на Mastercard.

Фото: Pixabay