Индија: Околу 1.000 евра за девет часа спиење дневно

24

Компанија од Индија нуди околу 1.000 евра за девет часа спиење во текот на 100 дена, пишува India Today.

Станува збор за Wakefit innovations, компанија што произведува душеци, па за таа цел бара практиканти кои ќе спијат во домашни услови. Нивна цел е повторно да се врати фокусот на здравиот сон.

Wakefit ќе го обезбеди душекот, а практикантот ќе треба да помине во кревет девет часа во текот на тие 100 дена. Во тој период тие ќе го набљудуваат корисникот во каква состојба е пред и после спиењето. Она што е забрането е користење на лап топ “додека работат“.

Фото: Pexels