Индија планира да го ограничи извозот на шеќер

99

Индија планира да го ограничи извозот на шеќер за прв пат по шест години, со цел да спречи скок на домашните цени, пишува Ројтерс, повикувајќи се на добро информиран извор.

Според соговорниците на британската агенција, извозот на шеќер оваа сезона би можел да биде ограничен на 10 милиони тони.

По Бразил, Индија е втор најголем светски производител и извозник на шеќер.