Индија сега купува 20 пати повеќе руска нафта – и Кина го зголеми увозот

56

Индија доби 34 милиони барели руска нафта со попуст откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари, според „Рефинитив Еикон“.

Се наведува и дека Индија сега купува 20 пати повеќе нафта од Русија, отколку минатата година, како и дека Кина – инаку најголемиот купувач на руска нафта и пред војната – три пати го зголемила увозот,пренесува Ројтерс.

Британската агенција понатаму наведува дека увозот на индиска нафта од Русија го исклучува CPC, кој се извезува и преку руското пристаниште на Црното Море, но главно се снабдува од казахстанските филијали на западните земји, во форма на транзитни количини.

Увозот на нафта во Индија од Русија расте од февруари, бидејќи третата по големина азиска економија и третиот по големина увозник на нафта во светот се сврте кон руската нафта со големи попусти. Земјата доби повеќе од 24 милиони барели руска сурова нафта овој месец, од 7,2 милиони барели во април и околу 3 милиони во март.

Во јуни се очекува да добие околу 28 милиони барели, пишува Ројтерс.

Зголемениот увоз на енергија помогна да се зголеми вкупниот увоз на стоки на Индија од Русија помеѓу 24 февруари и 26 мај на 6,4 милијарди долари, во споредба со 1,99 милијарди долари во истиот период минатата година, според владините податоци.