Индиската економија повторно најбрзо растечка во светот

22

india

Фото: Pixabay

Индија повторно ќе ја има најбрзорастечка економија во светот. Проценките велат дека индиската економија ќе порасне за од 7 до 7,5% во фискалната година која почнува од први април, пишува Financial Express.

Како што соопштуваат од индиската влада, овој позитивен тренд се должи на растот на извозот и инвестициите коишто ја забрзале економијата по економската нестабилност на почетокот на годината.  Индиската економија забележа вртоглав пад во 2016 година како последица на демонетизацијата при замената на 86% од домашните банкноти рупии и хаотичната имплементација на единствениот данок за добра и услуги.

Oваа проекција е дел од извештајот кој министерот за финансии на Индија, Арун Џејтли го предал на парламентот. Целосниот преглед за годишниот буџет ќе биде објавен на први февруари.

Во Европа, економските аналитичари очекуват токму британската економија да го има најголемиот раст.