Inditex со рекордна квартална продажба од 5,93 милијарди долари

185

Фото: Facebook

Шпанската модна групација, Inditex првиот квартал од оваа година (од први февруари до 30-ти април) оствари рекорден износ на приходи од продажба во висина од 5,93 милијарди долари.

Оваа групација во овој пресметковен период прикажа и нето добивка од 734 милиони долари.

Но, во овој период се применети нови сметководствени стандарди. Според претходните стандарди, нето добивката би била 7%, наместо актуелните 10%.

Inditex вложува за да стане рамноправна со гигантите за електронска трговија, па во март во Бразил отвори онлајн продавница на Zara. До крајот на годината планира да ја шири онлајн трговијата најмногу на Блискиот Исток.

Онлајн продавниците на Zara се очекува да бидат достапни во: Јужна Африка, Катар, Бахреин, Оман, Јордан, Кувајт, Филипини, Украина и Колумбија.

Освен Zara, во групацијата Inditex влегуваат и: Massimo Dutti, Pull & Bear, Bershka.