Планираните капитални трошоци за следните две години на Индо Минерали и Метали за операциите во рудниците Злетово, Тораница и Добрево се проценуваат на околу 225 милиони денари. Индо Минерали и Метали, како дел од Бинани Групацијата, започнаа со работа во Македонија во 2006 година и го илустрираат потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Рударската операција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.
“Инвестиравме повеќе од една милијарда денари во инфраструктура, развој и рударска опрема. Нашите предлог капитални трошоци за 2015 – 2016 година се проценети на околу 225 милиони денари”, рече генералниот менаџер на Индо Минерали и Метали.
Главниот фокус на компанијата е безбедноста на вработените, за што компанијата постојано инвестира во опрема, спроведува регуларни технички проверки на работната опрема и изведува соодветни обуки за вработените. Дополнително на ова, ИММ исто така спроведува медицински проверки во согласност со проценките за ризик и доследно се придржува кон директивите на Законот за безбедност и здравје при работа.
”Индо Минерали и Метали како дел од Бинани Групацијата ги следи глобалните трендови и во согласност со нив ги спроведува модерните технологии за извршување на оваа работа. ИММ Македонија е компанија посветена на бизнис одржлива иднина и преку тоа, на подобрување на социјалната, економската и еколошка благосостојба на заедницата каде работиме. Целиме да ги воспоставиме највисоките безбедносни стандарди.”, изјави Канаја Лал Моза.
Во поглед на околината, Индо Минерали и Метли ДООЕЛ има потрошено над 70 милиони денари во Злетово и 95 милиони денари во Тораница за животната средина, со поголем број на дополнителни проекти во план.