Индонезија: Бесплатно возење со автобус во замена за пластичен отпад

50

Вториот по големина град во Индонезија Сурабаја осмисли интересен начин за рециклирање на пластичниот отпад – граѓаните можат бесплатно да се возат со автобус доколку донираат пластични шишиња или чашки.

Градот ја започна оваа инциијатива уште во април, со која што жителите оставаат пластичен отпад на постојките или истиот го носат како “платежно средство“ во самите автобуси.

Така, билет за двочасовно возење чини пет пластични шишиња или 10 чашки, во зависност од големината, јавува Reuters. Градот се надева дека оваа пракса ќе им помогне да ја исполнат својата цел, односно да се ослободат од пластичниот отпад до 2020 година.

Сурабаја е првиот град во Индонезија којшто ја имплементира оваа програма, а податоците покажуваат дека речиси 400 тони или 15% од отпадот е пластика. Еден автобус може да собере 250 килограми пластичен отпад дневно, а откако ќе се собере се отстрануваат налепниците и капачињата од шишињата и отпадот се продава на компании што рециклираат.

Собраните пари потоа одат во јавниот превоз и во фонд за урбани зелени површини.