Индонезија и LG инвестираат 9,8 милијрди долари за батерии за електрични возила

37

Индонезија објави дека со одделот на јужнокорејскиот конгломерат LG потпишаа договор за инвестиции од 9,8 милијарди долари во производство на батерии за електрични возила.

Меморандумот за разбирање е потпишан на 18-ти декември и опфаќа инвестиции во дистрибуцијата на ланецот на електрични возила.

Индонезија ќе стане прва земја во светот што ќе изгради комплетен сектор на електрични батерии, од вадење руда до производство на батерии за електрични автомобили.

Според договорот, најмалку 70% од никелот што се користи за производство на  батерии за електрични возила мора да биде преработен во Индонезија.

Фото: Freepik