Индустрии со најголеми шанси да “ангажираат“ роботи наместо луѓе

87

Забрзаниот напредок на технологијата и роботиката го олеснуваат животот во една насока, но од друга страна претставуваат еден вид на “закана“ за нови работни места. Во многу индустрии веќе се вклучени роботи наместо луѓе, а овој тренд се прогнозира да расте со текот на годините.

Брзината, ефикасноста и минимизирање на грешките се причините што сè повеќе компании се одлучуваат да инкорпорираат роботи во своето работење. Со тоа потребата на човекот како работен кадар се намалува на сметка на автоматизацијата, пишува Business Insider.

Вработени во ресторани за брза храна, работници на лента во фабрика, процесирање на основни информации можат лесно да се заменат со роботи, додека сектор за човечки ресурси или сложени физички активности како средување на растурена соба во градинка сè уште се незаменливи.

Еве кои се десетте индустрии каде роботите можат најмногу да се искористат:

Сместување и прехранбени услуги 73%

Земјоделие 60%

Преработувачка индустрија 60%

Транспорт и складирање 57%

Трговија на мало 53%

Рударство 51%

Градежништво 47%

Трговија на големо 44%

Комунални услуги 44%

Финансии и осигурување 43%

Фото: Pixabay