Индустријата губи работна сила: Во јули регистрирано намалување од 2,6 %

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави нови податоци за бројот на работниците во индустријата, кои покажуваат негативен тренд во македонскиот индустриски сектор. Во јули 2026 година е евидентиран пад на бројот на работници во сите главни индустриски гранки и сектори, при што најсилен удар забележа рударството, а пад е регистриран и во преработувачката индустрија.

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во јули 2026 во однос на јули 2025 година

Бројот на работниците во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3.3 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – јули 2026 во однос на периодот јануари – јули 2025 година се намалил за 2.8 %.

Бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година е намален за:

  • 7.8 % во рударството и вадењето камен
  • 2.3 % во преработувачката индустрија
  • 0.9 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација