Индустријата на видео игри оваа година заработи 148 милијарди долари

92

Вкупната заработка на индустријата на видео игри на глобално ниво во 2019 година надмина 148 милијарди долари, што е за 10 милијарди повеќе од претходната година, пренесува Startit.rs.

Најголем дел од заработката отпаѓа на пазарот на видео игри наменети за мобилни телефони и таблети, околу 68 милијарди, а потоа следува пазарот на игри за конзоли со заработка од 45,3 милијарди долари и игри за компјутери со 35,3 милијарди долари.

Според податоците, играта што привлече најголемо внимание во медиумите е Fortnite, на којашто се посветени вкупно 97.732 натписи. Потоа следуваат: Death stranding со 46.743 статии и Apex Legend со 42.474.

Кога станува збор за YouTube, приматот го има играта Minecraft, којашто е најпопуларна меѓу помладата популација.

За популарноста на gaming индустријата заслужни се и инфлуенсерите кои на различни платформи секојдневно објавуваат видеа од игрите и имаат по неколку десетина милиони следбеници.

Во текот на оваа година, Nintendo на својата платформа понуди 16 продолженија на видео игри на популарни франшизи, како што се Super Mario Maker 2, Mortal Kombat 11, како и две потполно нови игри.

Фото: Pexels